Куп на Македонија во ракомет: Познат е патот до Ф4

313

Предмалку во просториите на Ракометната федерација на Македонија, беше одржан ждребот по повот најновото издание на Купот на Македонија. Одреден е составот на групите од почетната фаза, а мечевите се закажани за 26/27 април. Завршниот пак турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.

Дополнително ќе бидат познати домаќините на четирите групи,  доколку нема пријавено организатори, тогаш финалниот натпревар од групата ќе се игра на теренот на екипата со помал број.

Секако, во оваа фаза од натпреварувањето се присутни сите дванаесет суперлигаши, а списокот го пополнуваат и четири екипи од пониската прволигашка монкуренција.

Алкалоид е бранителот на титулата, а секако фаворити се и Е.Пелистер. Битолскиот состав има лесна задача во оваа фаза, затоа што има за противници ривали од долниот дел од табелата во домашниот шампионат.

Вардар пак, за ривал го доби тимот на Бутел Скопје и доколку слави ќе игра против победникот од Борец ФЛ и Еурофарм Пелистер 2 за место на завршниот турнир. Најинтересно се очекува да биде во групата 4, каде Охрид и Тиквеш се фаворити за место во финалето од групата и за борба за место на завршниот турнир

 

Куп на Македонија, групна фаза:

група 1 Алкалоид (1) – Мулти Есенс (4) Партизан Гевгелија (2) – Пролет (3)

група 2 Еурофарм Пелистер (1) – Куманово (4) Радовиш (2) – Струга (3)

група 3 Вардар (1) – Бутел Скопје (4) Борец ФЛ (2) – Еурофарм Пелистер 2 (3)

група 4 Прилеп (1) – Охрид (4) Тиквеш (2) – Аеродром (3)

 

ПретходноНеколку промени на врвот на АТП листата
СледноФОТО НА КОЛОТО: Гужва пред голот на шампионот!