Македонскиот репрезентативец и најдобар играч на Алкалоид, Марко Митев е успешно опериран. Тој се здоби со повреда на дуелот меѓу Словенија и Македонија во Копер, уште таму беше јасно дека ситуацијата е сериозна.
По прегледите во Скопје беше констатирано повреда на на предните вкрстени лигаменти. Паузата е вообичаено е од шест до девет месеци.
Митев вчера беше успешно опериран и сега следи период на рехабилитација. Најдоброто сценарио е дека може да се врати на почетокот на сезоната, доколку се оди според планот.
Повредата на Митев не е само голем хендикеп за Алкалоид, туку и за македонската репрезентација која ќе ги играта двата најважни дуели за пласман на Европското првенство 2026 година, против Естонија на гости и Литванија на домашен терен.
Со оглед на тоа дека Марче е голем борец, веруваме дека на терените ќе се врати уште посилен.