Наполи останува во трка за Скудетото

56

Фудбалерите на Наполи ја совладаа екипата на Емполи со 3:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Екипата на Антонио Конте не се намачи и лесно запиша нови три бода во трката за титулата.

Скот МекТоминеј го отвори резултатот во 18-тата минута, а во 56-тата минута Лукаку го зголеми водството на домашниот тим. До крајот на мечот МекТоминеј постигна уште еден погодок во 61-та минута и стави печат на убедливата победа на наполитанците.

Со овој триумф Наполи остана на втората позиција со 68 бода, 3 помалку од првопласираниот Интер, додека пак Емполи се наоѓа во опасната зона со само 24 бода.

ПретходноСтрумица и Штип УГД експресно обезбедија плеј-оф финале
СледноВаљадолид немаше сили за изненадување во Мадрид