Тензиите меѓу управата на Денвер Нагетс и актуелниот тренер Мајк Мелоун траат веќе подолго време.
Отказот што го доби е само кулминација на сето она што се случуваше зад завесата, а сега на површина излегува еден детал.
Најновото е дека Мелоун сакал по секоја цена да се ослободи од Кристијан Браун пред истекот на рокот, се со цел да доведе поискусен играч, но управата го одбила неговиот совет.
На крајот Браун остана во Денвер, а оваа сезона е еден од подобрите играчи и можеби ќе конкурира за играчот кој најмногу напредувал во сезоната.
Браун оваа сезона постигнува 15,5 поени, 5,5 скока и 2,6 асистенции.