Неколку промени на врвот на АТП листата

484
Фото: #AusOpen @AustralianOpen

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по Мастерсот во Монте Карло загуби 390 поени, но остана на петтата позиција со 4.120 поени. Карлос Алкараз, кој го освои тој турнир, го престигна Зверев и сега повторно е втор играч на планетата со 7.720 поени, 125 повеќе од Германецот.

Прв е сеуште суспендираниот Јаник Синер, кој е на врвот на листата со точно 9.930 бодови.

Во Топ 10 имаше уште неколку промени, а најистурен беше Алекс де Минор, кој скокна на седмото место. Андреј Рубљев е осми, во селекцијата се врати Даниил Медведев, кој е деветти, а Топ 10 ја комплетира Каспер Руд.

ПретходноРој Кин го нападна Бруно: Каков лидер е тој, зборува глупости
СледноКуп на Македонија во ракомет: Познат е патот до Ф4