Оклахома собори рекорд – стар повеќе од 50 години

296

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а сега почнува борбата за титулата. Пред да започне вистинскиот плеј-оф, закажан е и плеј-ин турнир кој може да донесе дополнителна драма – бидејќи отсега нема место за грешка, секој натпревар може да значи крај.

Редовната сезона оваа сезона беше богата со приказни и неочекувани пресврти на терените низ САД и Канада, а Оклахома Сити Тандер дополнително ја зачини приказната соборувајќи го рекордот стар повеќе од половина век. Во 82 одиграни натпревари остварија просечна разлика од +12,9 поени во своја полза, што е нов најдобар учинок во историјата на НБА.

Никој не бил толку убедлив во текот на целата сезона. Со ова Оклахома го симна од тронот легендарниот Лос Анџелес Лејкерс од сезоната 1971/72 кога нивните победи беа во просек по 12,3 поени разлика. Исто така, интересно е да се забележи дека сите екипи кои претходно беа на врвот на оваа статистика на крајот ја освоија титулата.

ПретходноИ Никола Костески мораше да оди на операција
СледноИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ СО ПОБЕДА ЈА ЗАПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА ВО ФИА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА РИДСКИ ПАТЕКИ