ТИМ И ИГРАЧ НА 27.КОЛО: Марко ја “торпедираше“ Беса

231

Кога твојот тим ќе победи со 5:0 против Беса, а ти си стрелец на три од тие пет голови, тогаш нема дилеми дека си и играч на колото. Марко Ѓорѓиевски вчера уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите стрелци во ПМФЛ. Силекс освои големи три бода а тој просто ја декласира Беса.

Во идеалниот тим на ова 27.коло покрај Ѓорѓиевски тука се и Тимовски (Силекс), Ќосевски, Касами, Укпа и Шабани (Струга ТЛ), Мартин Ѓоргиевски и Ндзенгуе (Брера), Сенгор (Вардар), Тамба (Шкендија) и Ервин (Гостивар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ

Тим: Силекс

Роден: 18.04.2000 во Скопје

Кариера: Вардар, Борец, Вождовац, Раднички Пирот, Шкупи, Брера, Силекс

ПретходноКапитените на Вардар со порака: Сите на стадион за Кочани!!!
СледноСтојанов: За Брера сите мечеви пролетва ќе бидат одлучувачки