Како што пренесуваат американските медиуми, се случила голема трагедија кога се самоуби талентираниот фаќач и поранешен студент на ЛСУ, Кајрен Лејси.
Лејси беше под истрага и се соочуваше со обвиненија за фатална сообраќајна несреќа што се случи минатиот декември во Луизијана, која сериозно ги оштети неговите изгледи за драфт во НФЛ. Според полицијата, потерата по Лејси завршила доцна во саботата навечер, кога изгубил контрола со своето возило. Кога полицајците се приближиле до возилото, го нашле мртов, а сè укажува на самоубиство. Брзата помош на лице место само констатирала смрт.
Универзитетот ЛСУ издаде соопштение во врска со неговата смрт:
„Длабоко сме погодени од трагичната вест за смртта на поранешниот фудбалер на ЛСУ, Кајрен Лејси. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство и најблиските, како и со поранешните соиграчи и тренери кои беа погодени од оваа трагедија“.
Минатата сезона Лејси беше лидер на тимот по бројот на постигнати тачдаунови (девет), а втор по бројот на уловени (58) и приемни јарди (866).
The LSU Football family mourns the loss of Kyren Lacy pic.twitter.com/Me2GBZ6Ao8
— LSU Football (@LSUfootball) April 13, 2025