Урбано Каиро: Ќе се обидеме да го откупиме Елмас, но дали ќе успееме…

2167

Тренерот на Торино, Паоло Ваноли и по вчерашното реми со коло во Серија А, повторно одговараше на новинарски прашања поврзаник со нашиот репрезентативец, Елиф Елмас. Новинарите и натаму се интересираат каква ќе биде ситуацијата со Елмас на крајот на сезоната и дали сопственикот на тимот Урбано Каиро преговара за откуп на неговиот договор од РБ Лајпциг.

„Дали тој ќе биде откупен? Ова не зависи од мене туку од клубот“, изјавил Ваноли.

Првиот човек на Торино, Каиро не бил премногу расположен за разговор со новинарите, па на прашањето за откупот на договорт на елмас одговорил: „Ќе се обидеме, но дали ќе успееме…“.

Елмас е на позајмица во Торино во пролетниот дел од сезоната и со своите четири гола предизвика вистинска револуција во составот на „биковите“ кои сериозно сакаат да гоз адржат и следната сезона.

ПретходноПелистер со соопштение побара обединетост на сите структури, симпатизери и навивачи
СледноФилип Лазаров и следната сезона на клупата на германски Интерактив