Вчера во дербито на 27.коло, Струга ТЛ како гостин успеа со 0:1 да слави кај Работнички. Значајна победа на шампионот извојувана на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Во текот на целиот меч се водеше вистинска битка за секоја топка, посебно “жешко“ беше по прекините и нафрлените топки. Овој момент “фатен“ од нашиот фотограф заслужува внимание и поради фактот дека најабаво отсликува како се играше вчера.
Радиќ против двајца домашни фудбалери во скок, поточно тоа беше троен скок пред голот на Струга ТЛ.
Убаво фото во секоја случај.