Хрватски голман со двегодишна суспензија поради користење амфетамин

173
05.09.2024., SD Tresnjevka, Zagreb - Paket24 Premijer liga, 01. kolo, RK Zagreb - RK Osijek. Luka Lovre Klarica, Dino Hecimovic Photo: Igor Kralj/PIXSELL

Голманот на ракометниот клуб Осијек од Хрватска, Дино Хеќимовиќ е суспендиран на две години затоа што во неговата крв се пронајдени состојки на супстанцата амфетамин. Поточно, амфетаминот многу често е состојка која што се меша со опојната дрога кокаин за да се добие на количина.

Оваа информација ја потврди Хрватскиот завод за јавно здравство, а тестирањето е направено рпед неколку месеци. Амфетаминот е во категоријата на неспецифицирани стимуланси, стручно кажано, кои што секако се недозволени.

Што е уште поважно, Хеќимовиќ воопшто не побарал второ мислење односно втор тест, за да ја докажува неговата невиност.

 

 

 

ПретходноКоментар на 27.коло: Работнички заборави да постигнува голови, хаос е во битката за опстанок!
СледноПелистер со соопштение побара обединетост на сите структури, симпатизери и навивачи