Џек Грилиш, играчот на Манчестер Сити ги живее најубавите години од неговиот живот. Светска слава, милионски договор, публицитет. Тоа што ни оддалеку не е она што требаше да биде на терените, тоа и не е така важно. Барем за него.
Таблоидот Сан изнезе ексклузивна сторија како Грилиш само неколку часа по завршувањето на мечот на Сити против Кристал Палас, и победата од 5:2, во која имаше удел само три минути, слави заедно со своето друштво во еден ноќен клуб.
Нормално, Сан пренесува дека сметката ја подмирил Грилиш и дека истата била околу 6000 фунти.