Шест фудбалери на Интер под закана да го пропуштат евентуалното полуфинале во ЛШ

596

По победата од 2-1 во Германија, Интер утре му гостува на Баерн Минхен, во обид да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Фаворит за пласман по гостинскиот успех е секако италијанскиот тим. Сепак, тренерот на тимот, Симоне Инзаги ќе мора да биде многу внимателен со изборот на фудбалерите за овој меч, бидејќи дури шестмина од таборот на „нероаѕурите“ се под закана да бидат суспендирани за првиот полуфинален дуел, доколку успеат да минат во следната фаза.

На жолт картон до суспензија во моментов се Лаутаро Мартинез, Николо Барела, Хенрих Мхитарјан, Алесандро Бастони и Бенџамин Павард. Списокот ќе го комплетира Дамфрис, кој, сепак, поради повреда најверојатно нема да игра утре.

Тоа значи дека Дамфрис најверојатно ќе може да игра во полуфиналето на Лигата на шампионите доколку неговите соиграчи успеат да го минат утрешниот реванш со Баерн.

ПретходноАнгличаните ја утнаа химната: Место на Лигата на шампионите, ја пуштија таа на Лигата на Европа (ВИДЕО)
СледноШокантно: Ванда му купувала скапи часовници на својот љубовник со картичката на Икарди!