Шокантно: Ванда му купувала скапи часовници на својот љубовник со картичката на Икарди!

809

Ванда Нара и Мауро Икарди не се веќе во брак. После сите скандали судскиот процес е завршен и тие веќе се разведени. Интересно е тоа што дури во овој судски процес аргентинската старлета признала дека била во љубовна врска со Кеита Балде, сегашниот фудбалер на Монца, некои велат дека уште е со него.

Сепак од она што е најшокантно е тоа што Ванда на Балде му купила два скапи часовници од марката “Ролекс“ и тоа со картичката на својот сопруг Мауро Икарди уште кога биле заедно.

Најголемиот шок на целата оваа драмолетка е таа што сопругата на Балде дознала од Икарди за неговата љубовна врска со Ванда.

Вистинска сапуница, сценарио како за на филм. Икарди бил тој што и праќал фотографии и видеа од средбите на Ванда и Балде, на сопругата на љубовникот на својата сопруга.

Малку е замрсено, ама кога станува збор за Ванда и Мауро се е можно.

ПретходноШест фудбалери на Интер под закана да го пропуштат евентуалното полуфинале во ЛШ
СледноЛШ: ПСЖ се препоти, хет-трикот на Гираси недоволен за елиминација на Барса (ВИДЕО)