Вардар (Н): Дисциплинците ја потврдија штетата во соблекувалната, Брагалница ќе мора да ја плати

240
фото: Вардар Неготино Facebook

Неколкудневните преписки и реакции во медиумите по последниот меч од Втората македонска фудбалска лига меѓу Вардар Неготино и Брегалница, продолжија и денеска. Вечерва со соопштение се огласи тимот од Неготино.

„ГФК Вардар Неготино најпрво, со најголема сериозност го демантира соопштението на ФК Брегалница кое беше објавено на нивната социјална мрежа, кое е полно со неточности, неосновани обвинувања и непрофесионален речник што не доликува на клуб кој се претставува како “реномиран и со традиција”. Наместо спортска самокритичност по неславниот настап на терен, ФК Брегалница избра да конструира наратив полн со теории на заговор, навреди и лични дисквалификации. Во интерес на јавноста, Ве известуваме дека денес од Дисциплинската комисија на ФФМ ни стигна соопштение во кое е наведено дека, цитираме:

-Согласно наводите во извештајот од делегатот на натпреварот од 24 коло Втора МФЛ ФК Вардар Неготино – ФК Брегалница 2008 – Штип, ДЕЛЕГАТОТ НА НАТПРЕВАРОТ изнесува Коментар: Коректна и фер атмосфера се до крајот на напреварот кога после туширањето на гостите, домаќините пријавија два уништени тушеви. Ние како клуб, СМЕ задолжени да во рок од 3 (три) дена, доставиме фактура до ФК Брегалница, за надомест на штетата за скршените тушеви, а по добивање на фактурата ФК Брегалница се ЗАДОЛЖУВА истата да ја исплати во рок од 10 (десет) дена. Доколку истата не се плати во предвидените рокови, ФК Брегалница ќе биде дадена на Дисциплинска комисија на ФФМ.

Од сето ова произлегува дека ФК Брегалница сепак, ИМА направено штета, а не дека се е исценирано од “домаЧините”. ГФК Вардар Неготино секогаш ќе стои зад вистината, фер-плејот и спортскиот дух – а не зад сенка на вештачки креирани инциденти“, се вели во соопштението.

ПретходноЈанта Волеј е во финале, „мајсторка“ ќе го одлучи вториот финалист
СледноДон Карло пред утрешниот реванш со Арсенал: Не заборавајте дека “Бернабеу“ има посебна магија!