Македонија до 16 забележа победа над Грузија во второто коло на Уефа развојниот турнир во Албанија

114

Женската репрезентација на Македонија до 16 години забележа победа минимална со 1:0 против соодветната селекција на Грузија во рамките на вториот натпревар од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.

Елена Наумовска беше херојот на Македонија, со нејзиниот погодок во 85. минута, успеавме да славиме тешка победа над Грузија. Двете селекции одиграа доста борбен натпревар во кој беа пропуштени неколку изгледни прилики за гол.

Женската репрезентација на Македонија до 16 ја оствари и втората победа на овој контролен турнир, по победата над Бугарија во рамките на првото коло, по подоброто изведување на пенали.

Во последното коло, кое е на програмата на 18. април ќе играме со домаќинот Албанија. Овој натпревар ќе започне во 15. часот.

Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Тамара Лазеска, Арба Мерко, Розита Пецева, Елена Мацевска, Ана Марија Цветковска, Ема Наневска, Нина Манасиева, Ихдина Речи, Сара Димитровска;

Селектор: Катерина Милеска;

ПретходноЊукасл го краде еден од најголемите таленти во Шпанија
СледноМбапе на разговор кај Перез и Анчелоти