Денеска ФК Вардар ја својата официјална страница информира дека невозможното стана возможно. Од 09 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи.
Извршниот директор на АД ФК Вардар, Миленко Неделковски, ја извести заинтересираната јавност дека комплетно се исплатени долговите кон:
Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари.
Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари.
Бендџамин Демир – 6.100.000.00 денари.
Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари.
Александар Игески – 935.353.00 денари.
Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари.
ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.
На овој начин „црвено-црните“ допрва ќе можат да остваруваат поголеми цели и да функционираат нормално.