Пешиќ по поразот од САД во Париз: Видов дека и судиите се исплашија од тоа дека можеме да победиме!

251

Иако минаа осум месеци од тоа славно полуфинале на ОИ во Париз, каде САД во самиот финиш успеа да ја победи Србија, сепак тој меч сеуште е топ – тема во кошаркарските кругови. Познато е дека Јокиќ и другарите одиграа фантастични 38 минути, во тој период постојано беа во водство, но сепак на Леброн, Кари, Дурент и остнатите мега – ѕвезди на САД им беа доволни само две минути да го добијат тој меч и да се пласираат во финалето каде играа против Франција и победија, со што го освоија златото.

Неподелено е мислењето дека не мечот со Србија во неколку наврати Американците добија и судиска помош.

На се ова и по толку време, свој коментар има селекторот на Србија, Светислав Пешиќ:

Мислам дека загубивме зошто и судиите се исплашија од тоа дека САД ќе загуби или Србија ќе победи, како сакате. Бев таму, тоа им се виде во очите на судиите. Јасно е дека им честитав на победниците, но сепак мислам дека тие судии кои судеа на тој меч сеуште не можат да спијат мирно. Во последно време постојано го сонувам тој меч со САД. Да кажам дека за првпат во историјата во Србија се славеше пораз на еден спортски натпревар. Многу жалам, еве и ден – денеска жалам за тој меч, за тој пораз“ истакна покрај другото Пешиќ.

ПретходноУтре на Арената ќе бидат и легендите на Ц. Звезда: Пижон, Караси, Панчев, Најдоски, Ѓуровски…!
СледноПоради Велигденските празници сите мечеви од ПМФЛ в сабота, додека ВМФЛ ќе се игра во понеделник!