Роналдињо му испрати порака на Вучиќ и ги разочара Србите

3385

Легендарниот Бразилец Роналдињо одговори на поканата од Србија и прифати да биде еден од гостите на светската изложба „Експо 2027“ што ќе се одржи во Белград.

Српските медиуми објавија кратка видео порака која Роналдињо му ја испратил на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го покани во Белград.

„Поздрав, претседателе Вучиќ, многу ти благодарам за поканата за Експо 2027. Наскоро ќе бидеме заедно, ти испраќам голема прегратка“, вели бразилскиот фудбалер во видеото објавено на социјалните мрежи.

Во Србија постои мислење дека на Експо се вложуваат премногу пари, а Вучиќ решил дополнително да го промовира со поканување на познати спортски и други личности од целиот свет.

Србите револтирани на социјалните мрежи. Еден од коментарите: “Роналдињо беше врвен фудбалер, еден од најголемите досега. Но банкротираше поради коцкање, кокаин и баканалија. Сега живее од продавање на своето име. Така беше ангажиран на ЕКСПО 2027 за десет илјади евра. Така Вучиќ ги купува нашите пропаднати ѕвезди”.

 

ПретходноРазвоен турнир во Албанија: Македонија до 16 ја победи Бугарија, денеска против Грузија
СледноДончиќ прв во НБА, ова никогаш не се случило: Милиони доаѓаат во Лејкерси, а молк во Далас