Скаутите го гледаа во живо, Чави Симонс ќе биде новото засилување за Ливерпул

112

Тимот на Ливерпул е на прагот да биде повторно првак на Англија по јубилеен дваесетти пат во историјата. Клубот и тоа како погоди со менаџерот Арне Слот, кој што го води одлично клубот.

Сега, откако оваа сезона е во самиот финиш, и целите ќе бидат остварени на лето следува подновување на екипата. Опции има многу, а според јавноста во Англија, Ливерпул е најблиску до Чави Симонс, младиот играч на Ред Бул Лајпциг.

Главните скаути на Ливерпул во живо го гледале дуелот против Волфсбург и самите се увериле во квалитетите на Симонс, иако тој веќе што се вели цела деценија е во фокусот на главните клубови во Европа.

Сепак, сега е дојдено времето за неговиот мега трансфер кој што ете ќе го одведе во Ливерпул.

 

ПретходноАко Вини си оди тогаш трансферната цел на Реал ќе биде само еден и никој друг: Со него “кралевите“ ќе бидат непобедливи!
СледноКФСМ им се закани на клубовите: Платете ги долговите, во спротивно ќе следат суспензии!