Англичаните ја утнаа химната: Место на Лигата на шампионите, ја пуштија таа на Лигата на Европа (ВИДЕО)

125

Стартот на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Астон Вила и Пари Сен Жермен беше одбележан со интонирање на химната на Лигата на Европа, наместо онаа на Лигата на шампионата. Овој пропуст на организаторите е благо речено – скандал.

УЕФА ова нема да им го прости на домаќините кои ги чека голема казна. Кога го слушнаа помалку познатиот звук, играчите на двата тима беа шокирани и тоа не го криеја од камерата која традиционално ги следеше.

Пропустот набрзо беше исправен, но прашањето за одговорноста и можните последици по угледот на натпреварувањето секако ќе се постави во Европската куќа на фудбалот.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Барса и ПСЖ се едно полувреме поблизу до полуфиналето (ВИДЕО)
СледноШест фудбалери на Интер под закана да го пропуштат евентуалното полуфинале во ЛШ