КФСМ им се закани на клубовите: Платете ги долговите, во спротивно ќе следат суспензии!

242

Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија, денеска со писмо ги известила сите клубови дека е непходно во рок од една недела, 23 април да ги платат сите долгување кон КФСМ. Ако тоа не се случи, или ако тоа нема да го направат тогаш ќе следат суспензии.

Ова се однесува до сите клубови во сите рангови на натпреварување, исто така ова било договорено и на вчерашниот состанок на кој присуствувале претставници на КФСМ, лица од судиската организација, Комесарот за натпреварување и други.

Во писмото кое е испратено до сите клубови, се наведува дека согласно член 52.4 доколку не бидат подмирени долговите до 23 април, ќе следи суспензија преку која клубот ќе нема право на настап, а натпреварот ќе биде регистриран со 20:0 за противничкиот тим.

ПретходноСкаутите го гледаа во живо, Чави Симонс ќе биде новото засилување за Ливерпул
СледноНеверојатно: Мбапе за “дивјачкиот“ старт е казнет само со еден меч!