Барселона и Реал Мадрид во меч од 35.коло во Ла Лига и официјално ќе играат на 11 мај (недела) на “Монжуик“ со почеток од 16:15 часот. Ова може да биде и последното Ел Класико за сезонава ако се знае дека тешко “кралевите“ ќе успеат утре да го елиминираат Арсенал во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Ако по некое чудо тоа и се случи тогаш можно е да имаме финале во ЛШ.
Инаку претходно на 26 април во Севилја, овие два гиганти ќе се сретнат и во финалето во “Копа дел Реј“ во битка за трофејот во ова натпреварување.
Што се однесува до тој меч од Ла Лига на 11 мај, фановите со нетрпение го очекуваат ако се знае дека многу лесно може да се случи токму на овој дуел да се реши шампионот во Ла Лига за оваа 2024/25 сезона.