Поради Велигденските празници сите мечеви од ПМФЛ в сабота, додека ВМФЛ ќе се игра во понеделник!

394

Како што е вообичаено кога станува збор за Велигден односно за Велигденските празници. Имено со одлука на Натпреварувачката комисија на ФФМ, натпреварите од 28.коло во нашата елитна лига се закажани за во сабота (19.04.2025) со почеток од 16 часот.

Во ова коло се среќаваат: Работнички – Пелистер, Струга ТЛ – Гостивар, Шкупи – Силекс, Беса – Шкендија, Воска – Вардар, Тиквеш – Брера.

Што се однесува пак до второлигашите, тие своите мечеви од 25.коло, исто од 16 часот, ќе ги играат во понеделник (21.04.2025).

Ова се двојките: Новаци – Вардар (Н), Победа – Саса, Башкими – Вардарски, Охрид – Осогово, Беласица – Скопје, Арсими – Кожув, Македонија ЃП – Детонит, Борец – Брегалница.

ПретходноПешиќ по поразот од САД во Париз: Видов дека и судиите се исплашија од тоа дека можеме да победиме!
СледноУ-18: Македонија одигра 1:1 против Словачка! (ФОТО)