Одбојкарките на Јанта Волеј први обезбедија место во големото финале на првенствениот плеј-оф во женска конкуренција. Најдобриот состав во регуларниот дел од сезоната го доби и вториот полуфинален дуел со градскиот ривал Фит Фан Волеј и веќе се најде во битката за шампионскиот пехар.
Во вториот меч од полуфиналето, Јанта Волеј немаше поголеми проблеми на гостински терен и успеа без загубен сет во вториот меч да дојде до финалната серија.
Противник на Јанта Волеј во финалето ќе биде подобриот тим од „мајсторката“ меѓу Работнички и Наковски Волеј. По победата на првиот меч во Скопје, Работнички на реваншот во Струмица беше поразен од освојувачот на Купот во четири сета. Со тоа Наковски Волеј се избори за трет одлучувачки меч кој ќе се одигра на 27 април во Скопје.
ПОЛУФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ ЖЕНИ
ПРВ НАТПРЕВАР
ЈАНТА ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:1 (25:15, 21:25, 25:13, 25:18)
РАБОТНИЧКИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 3:2 (21:25, 27:25, 23:25, 25:13, 15:9)
ВТОР НАТПРЕВАР
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ 0:3 (15:25, 23:25, 15:25)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧИ 3:1 (25:22, 16:25, 25:14, 30:28)
ТРЕТ НАТПРЕВАР
РАБОТНИЧКИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – 27 април