Вардар – Ц.Звезда 1:3. Тоа е епилогот од вечерашниот пријателски и воедно хуманитарен меч за Кочани. Секако дека на вакви мечеви резултатот е во втор план, а факт е дека Вардар беше добар, имаше и водствод од 1:0 со голот на Маневски во 28.минута, за да потоа гостите од Белград со головите на Илиќ и Катаи во последните мигови од првиот дел успеа да дојде до победа. На крајот Слепчевиќ стрелаше за конечни 1:3 за Ц. Звезда тоа на асистенција на Македонецот Василије Костов.
Во второто полувреме, разбирливо кога станува збор за вакви мечеви, и двајцата тренери Гоце Седлоски и Владан Милојевиќ почнаа да ги менуваат составите, да им даваат шанса на што повеќе свои фудбалери кои понесени од убавата атмосфера сакаа да одиграат што подобро.
Не е тајна дека Ц.Звезда во моментов има подобар тим, заслуженое победи, но рековме дека резултатот е во втор план.
Најважно е што е мисијата е успешна. Вардар и Ц.Звезда одиграа за Кочани.
Собрани се големи финансиски средства за семејствата на настраданите и повредени од трагедијата во Кочани. Тоа е најважно, а во тоа Вардар и Ц.Звезда и тоа како успеаја.
Спектакл кој ќе се памети…
Затоа БРАВО за Вардар и БРАВО за Ц.Звезда и БРАВО за сите оние кои вечерва дојдоа на Арената со платен билет.