Како што беше најавено, македонската кошаркарска федерација ќе добие нов претседател, во името на Младен Ѓуровски, кој што доаѓа на местото на Перо Антиќ.
Иницијаторите за смена на актуелниот прв човек на КФСМ, откако не добија датум за вонредно собрание од страна на актуелното раководство две недели по поднесувањето на барањето, сами одбраа датум, па промоцијата на Ѓуровски ќе биде на 30 април.
Перо Антиќ по шест и пол години на чело на кошарката си заминува, а една од причините за негова смена е незадоволството на клубовите од начинот на менаџирање на спортот кој некогаш беше број во Македонија.
Ѓуровски доаѓа во време кога на кошарката и се случува вистински хаос, од штракјување на судии поради неисплатени долгови, до клубови кои што на федерацијата и должат над 3.5 милиони денари.
Токму ради овие причини не е започнат ниту плеј офот, а според најавите истиот ќе продолжи на 24 април, шест дена пред вонредното изборно собрание.