Дерби во СЦ „Билјанини Извори“: ГРК Охрид и Алкалоид во битката за третото место!

345

По само три дена пауза денеска на програмата е четвртото коло во плеј-оф и плеј-аут лигата. Во центарот на вниманието е премсетката во СЦ „Билјанини Извори“ каде ГРК Охрид и Алкалоид (18 часот).

И двата тима зад себе имаат тешки пресметки, особено Алкалоид, кој одигра одличен меч против Пелистер, беше на чекор до реми против големиот фаворит. Избраниците на Кирил Лазаров имаат тежок распоред, бидејќи не е само дуелот со ГРК Охрид на кој треба да мислат, тука е полуфиналето во ЕХФ Европската лига во недела на домашен терен против норвешки Рунар.

Алкалоид е трет на табелата со четири бода, еден повеќе од ГРК Охрид, кој во моментов има и посилен состав, со оглед на тоа дека Лазаров не може да смета на Марко Митев. И домаќинот има повредени играчи.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ/АУТ – КОЛО 4
16.04.2025 – СРЕДА
18:00 часот ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – МРК КУМАНОВО
17.04.2025 – ЧЕТВРТОК
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18:00 часот РК ВАРДАР 1961 – ГРК ТИКВЕШ 2014
19:00 часот РК ПРИЛЕП – РК РАДОВИШ
19:00 часот РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – РК СТРУГА
ПретходноВардар – Ц.Звезда после 30 години повторно во Скопје, последен пат играа во Анталија! (ВИДЕО)
СледноСамо во Македонија судиите кажуваат кога ќе се игра кошарка, а професионалните клубови живеат на „вересија“