Заврши сезоната за Зиркзе

110

Џошуа Зиркзе ќе биде во „аут“ до крајот на сезоната. Оваа информација денеска ја потврди менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, кој што објави дека повредата на тетивата на офанзивецот е од таков карактер да е потребен повеќемесечен третман и опоравување.

Зиркзе се повреди пред само три дена на дуелот од Премиер лигата против Њукасл, и веднаш стана јасно дека се работи за нешто посериозно.

Од друга страна пак, следниот предизвик за Јунајтед е утрешниот дуел од Лигата на Европа против Лион. Првиот дуел во Франција заврши 2:2.

 

ПретходноНе е шега: Меси и Роналдо ќе играат во ист тим?!
Следно“Црвено – белите“ пристигнаа на Арената! (ФОТО)