Новиот претседател на Фудбалската федерација на Португалија го сака “Специјалниот“ за селектор!

118

Никогаш не е здодевно кога станува збор за фамозниот Жозе Мурињо, за еден од најдобрите тренери на сите времиња. Ако во минатата недела се шпекулираше како еден од кандидатите за селектор на Бразил, ако вчера се најавуваше дека се враќа во Премиерлигата и тоа повторно во Тотенхем, денеска од Португалија доаѓа навистина интересна информација.

Имено новиот претседател на Фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенца сакал по секоја цена да го види Жозе на клупата на една од најсилните селекции во светот. Ништо против нема ни актуелниот стратег на Фенербахче, одамна е познато за тоа дека тоа е негова голема желба. Уште повеќе Проенца веќе стапил во контакт со Жозе и за такво нешто шансите и не се така мали.

Сепак Португалија за селектор го има Роберто Мартинез, барем засега.

Претходно“Црвено – белите“ пристигнаа на Арената! (ФОТО)
СледноАлкалоид победнички во Охрид!