Карло Анчелоти нема причина да крие било што, без разлика што неговиот Реал Мадрид од 21 часот против Арсенал влегува со негатива од 0:3.
Уште на повеќе од час и половина официјално го објави составот кој како што се очекуваше е ултра офанзивен.
Тука се Мбапе, Вини, Родриго, Белингем, како и Куртоа, Васкез, Асенсио, Ридгер, Алаба, Валверде и Чуамени.
Јасно е дека ова е не е најсилниот состав на Реал,но Дон Карло ќе мора и со овие играчи да се обиде да дојде до победа од најмалку три разлика.
Исто така познати се и стартните состави на Интер и Баерн Минхен, меч кој се игра во Миланп исто така од 21 часот.