Ова е фан – зоната за навивачите на Ц. Звезда: Се продаваат дресови, тука е пехарот од КЕШ и “Златната копачка“ на Панчев! (ФОТО)

973

Како што и беше најавено, фан – зоната за навивачите на Ц. Звезда е подготвена да ги прими посетителите пред вечерашниот хуманитарен меч меѓу Вардар и гостите од Белград. Зоната е поставена кај Академија парк во непосредна близина на Арената “Тодор Проески“. Тука се продаваат дресови на Ц. Звезда, тука е и пехарот од ЛШ кој “црвено – белите“ го освоија 1991 во Бари, а тука е и „Златната копачка“ на Дарко Панчев за најдобар голгетер во Европа.No description available.No description available.No description available.

Секако убави нешта во пресрет на големиот спектакл. Ц. Звезда најде време и термин да дојде и да одигра хуманитарен меч за Кочани и Македонија, Скопје и секако Вардар треба да се покажат како добри домаќини.

ПретходноЛуис Енрике: Го имаме најдобриот состав на светот
СледноАртета: Возбудата е голема! Посакуваме да ја промениме историјата!