Трагично загина репрезентативец на Габон

143

Арон Боупенѕа, 28. годишниот фудбалски репрезентативец на Габон трагично го загуби животот откако падна од зграда во кинескиот град Хангжу. Боупенѕа од засега непознати причини, паднал или пак се фрлил од единаесетти кат од зграда по што нормално починал на самото место.

Тој инаку е член на кинескиот лигаш Зеиџианг, а трагедијата го шокираше фудбалскиот свет ширум планетата.

Тој е роден 1996 година во Муанда во Габон. Фудбал нормално започнал да игра во локалнио Моунана, а има богата кариера во Европа, Азија и Америка. Најдобрата сезона ја одигра во турскиот Хатајспор каде што во сезоната 2020/21 беше прв стрелец на Турската лига. Настапуваше и за Бордо, Ајачио, Турс, Феиренсе, Ал Араби, Ал Шабаба, Синсинати, Рапид Букурешт, пред да се пресели во Кина. За Габон настапи 35 пати.

 

ПретходноВонредното собрaние за смена на Антиќ закажано за 30 април
СледноГеоргиевски и Ќосевски верни на Вардар