По мечот за се она што вечерва се случуваше на хуманитарниот меч на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, пред 25.000 гледачи свој коментар имаше и капитенот на Вардар, Филип Гачевски.
Инаку тој по подолго време на оваа средба беше стартер:
„Би сакал да изразам сочуство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. Тоа е една голема трагедија. Голема благодарност до Црвена ѕвезда, до публиката што овозможија овој настан да се случи. Поводот е лош, следните вакви големи настани да бидат за убаво“, рече Гачевски.