Билети за Вардар – Црвена Звезда достапни денеска и на билетарата на Арената

249

Се е подготвено за вечерашниот хуманитарен дуел на Арената Тодор Проески помеѓу екипите на Вардар и на Црвена Звезда од Белград. Гостите во овие моменти присигнуваат во Скопје, со редовна линија од Белград, а вечерва од 20:00 часот ги чека полн стадион.

ФК Вардар предмалку објави информација, дека преостанатите билети кои што се достапни на навивачите од 16:00 до 18:00 ќе можат да се купат и на билетарата на Арената Тодор Проески.

Досега билетите можеа да се набават само онлајн, но во интерес на времето, а секако и на навивачите управата на клубот се одлучи на ваков потег.

https://fcvardar.com/vesti_head.html

ПретходноАрената блеска: Капа долу за Омерагиќ! (ФОТО)
СледноВонредното собрaние за смена на Антиќ закажано за 30 април