Вардар – Ц.Звезда и се е кажано. Некогаш во бившата држава овие средби беа фудбалски празник, а вечерва тоа ќе биде спектакл. За жал поводот е од хуманитарен карактер, ќе се игра за Кочани, но големината на двата клуба гарантираат само спектакл и фудбалска уживање.
Повозрасните љубители на фудбалот убаво се сеќаваат како беа некогаш кога во Скопје на стариот Градски играа Вардар и Ц.Звезда. Како беше некогаш кога токму вардарците Дарко Панчев и Илија Најдоски и ја донесоа на Ц. Звезда европската титула во Бари во таа 1991. Покрај овие двајца за Ц. Звезда играа уште многу, многу вардарци и Македонци, да не ги набројуваме зошто некого сигурно ќе пропуштиме.
Од таа последната сезона 1991/92 во екс Југославија, Вардар и Ц.Звезда во Скопје играа во ноември 1995 година кога „црвено – црните“ славеа со 3:0 во пријателски меч. Значи по цели 30 години во Скопје ќе играат овие два гиганти.
Последен пат Вардар и Ц.Звезда играа пријателска во Анталија (Турција) зимата 2020 година, токму во таа сезона нашиот најтрофеен клуб последен пат беше шампион на Македонија.