РК Вардар не треба да се грижи за својата десна крилна позиција. Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите со клубот и офоцијално ќе бидат дел од „црвено – црниот“ табор и следната сезона.
РК Вардар уште од сега што е и нормално го гради тимот за следната сезона, а Георгиевски и Ќосевски се столбот на екипата во моментов.
Гоце Георгиевски од 2020 година е дел од Вардар, откако претходно настапуваше за ЧСМ Букурешт, Феникс Тулуз и Металург. Во 2023 година ја заврши репрезентативната кариера и остана верен на „црвено-црните“. Со клубот има освоено две титули и три Куп титули и еден Супер Куп.
Ќосевски е дете на Вардар, а претходно настапуваше за екипата на Вардар јуниор и за Работнички, во сезоната 20/21 кога сите млади играчи од Вардар беа дел од тој клуб. Со екипата има освоено два Куп титули, еден Супер Куп и еднаш бил првак на Македонија.