Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике беше среќен откако неговиот тим втора година по ред се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, ова се случи на потешкиот начин по поразот од 2:3 во реваншот од четвртфиналето против Астон Вила. Еден од хероите за парижаните беше голманот Донарума, кој направи неколку брилијантни одбрани. Според Луис Енрике, сепак, ПСЖ не само што го има најдобриот голман на светот, туку и најдобриот состав.
„Едноставно е, не смееме да си дозволиме да заборавиме дека играме во Лигата на шампионите, а противникот e класа. Астон Вила покажа голем интензитет. Генерално, сепак, по нашиот настап на двата натпревари, заслуживме да продолжиме. Втора година по ред сме во полуфинале. Во клуб како ПСЖ е нормално да имаш многу квалитетни играчи не само голман“, изјави Енрике.
Тој го коментираше и развојот на настаните во натпреварот.
„Со 2-0 во наша корист, противникот немаше што да загуби. Го загубија првиот натпревар, а на вториот заостануваа на полувремето. Атмосферата на стадионот исто така беше многу добра и исто така им помогна да се вратат во натпреварот“, смета Шпанецот.