ЛШ: Фантастичен Арсенал, ништо од ЧУДО на “Бернабеу“, Реал ја предаде круната, и Интер во полуфинале!

415

Реал Мадрид – Арсенал 1:2 е епилогот од вечерашниот реванш меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Значи ништо од ЧУДО, ништо од МАГИЈА на “Бернабеу“. Ова значи дека “кралевите“ ја предадоа круната во ЛШ со оглед на тоа дека се елиминирани и од вечерва одличниот Арсенал.

Се започна во таа 13.минута со неискористениот пенал на Сака, но затоа истиот играч во 65.минута стрелаше за 0:1 за гостите од Лондон. Тоа водство не траеше премногу ако се знае дека по само две минути Винисиус израмни.

Тоа беше надеж за четата на Дон Карло Анчелоти, но сепак се беше бадијала, тимот на Микел Артета фантастично се бранеше и на крајот заслужено се радуваше на пласман во полуфиналето каде ќе игра со ПСЖ. Сосема за крај Мартинели со гол за 1:2 го дотолчи Реал.Full Time: Real Madrid 1-2 Arsenal

Апсолутно заслужено со севкупни 1:5.

Во Милано домашниот Интер и Баерн во меч со многу возбудувања одиграа 2:2, па така одлучија оние 2:1 за Интер во Минхен минатата недела.

Image

Ова значи дека во полуфиналето Интер ќе игра против Барселона.

Гостите со голот на Кејн поведоа во 52.минута, за да Лаутаро израмни на 1:1 а Павар во 61.минута донесе водство од 2:1. Сепак Баерн со голот на Даер во 76.минута израмни, но тоа не беше доволно за пласман понатаму.

ПретходноФилип Гачевски: Голема благодарност до Ц.Звезда и публиката за овој настан, следниот нека биде за убави нешта!
СледноДон Карло: Ако Реал ми даде отказ, нема проблем!