Камо среќа поводот да беше за нешто друго. Сепак и Вардар и Ц.Звезда вечерва ја покажаа сета своја големина и моќ. Ветија дека ќе играат за Кочани и тоа и го сторија.
Ова беше спектакл пред 25.000 на Градски или Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Победата замина во Белград со 1:3, но тоа е најмалку важно.
Вечерва беше убаво да си на Арената, да присуствуваш на спектакл кој можат да го направат само вака два големи клуба.
Прекрасна кореографија од трибините, легендите на двата клуба продефилираа пред фановите да ги видиме уште еднаш и да видиме како сега тие изгледаат.
Шоу на Бошко Ѓуровски на полувреме и секако спектакл кој ќе се памети.