Кристијано Роналдо ја започна својата неверојатна фудбалска кариера во родната Португалија со Спортинг. Сер Алекс Фергусон со само 18 години го донесе во редовите на англискиот гигант – Манчестер Јунајтед, а се потоа е историја.
Тој ја „запали фудбалската сцена во Англија“ и по шест сезони со „црвените ѓаволи“ се пресели во Реал Мадрид. Овој потег го направи најплатен играч во историјата на фудбалот, иако многумина тогаш не ја поддржаа неговата одлука.
Тој ги брани боите на овој клуб од 2023 година, а сега одлучи кој ќе биде следниот чекор во неговата многу богата кариера.
Според шпанскиот весник Марка, Роналдо ќе потпише нов двегодишен договор со Ал-Наср (1+1), а втората година од договорот ќе биде по лична дискреција на Роналдо. Понатаму, понудата продолжува да вклучува сума од 200 милиони евра по сезона и мал процент од клубот.
Оваа одлука ќе изненади многумина, бидејќи фудбалските фанатици се надеваа на „романтична“ завршница на кариерата на Роналдо или враќање во Спортинг каде ги направи првите сериозни фудбалски чекори.
Изгледа ништо нема да излезе од тоа, но Кристијано кариерата ќе ја заврши во Саудиска Арабија. Многумина мислат дека на овој потег се одлучил за да стигне до бројката од 1000 гола, бидејќи моментално е на 934 од нив.
Саудиската Про-лига е многу помалку барана од европската и сигурно е дека ќе му биде многу полесно да ја оствари зададената цел.
Покрај тоа, една од желбите на Роналдо е да игра на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.