Полувреме: Вардар – Ц.Звезда 1:2! Маневски постигна гол и го посвети на Андреј Лазаров!

205

Завршија првите 45 минути од хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда. Резултатот е 1:2 за гостите од Белград и тоа со два гола во самиот финиш на првиот дел.

Вардар поведе со убавиот гол на Маневски во 27.минута, за да потоа тој гол го посвети на Андреј Лазаров, фудбалерот кој беше еден од оние кои својот живот го загубија во страшниот пожар во Кочани.

Следуваа два гола на Катаи во 41. и на Илиќ во 44.минута за со тие 1:2 се замина на пауза.

Да потсетиме дека целиот приход оди за Кочани.

ПретходноБартон како судија го започна мечот за да Стојчевски го замени, подароци и од Вардар и од Ц.Звезда! (ФОТО)
СледноЛегендите на Вардар и Ц. Звезда продефилираа на полувреме! (ФОТО)