Само во Македонија судиите кажуваат кога ќе се игра кошарка, а професионалните клубови живеат на „вересија“

388

✍ Марија Ковачева

Македонската кошарка во овој момент е во вистински хаос. А за ова „главни виновници“ се делителите на правда, кои одлучија да штрајкуваат зошто баш оваа сезона посакаа целиот долг што им го должи федерацијата да им биде исплатен до денар, иако тоа не било пракса во минатото.

Игра на „издржливите“ или не…како сакате кажете, но во Македонија дојдовме до точка во која судиите кажуваат кога ќе почне плеј-офот и како. Точно е дека имаат целосно право да ги бараат своите заостанати долгови, но се прашуваме зошто сега кога се највени промени во раководството на КФСМ….

Од другата страна пак тука се клубовите. Тие играат професионална кошарка за беспари. Вкупните долгови кон КФСМ во овој момент ја минаа бројката од 3,5 милиони денари. Никој не сака да слушне да плати ама секој има по некој збор за како треба да изгледа мак-баскетот, што чини и што не чини. Како што дознаваме клубовите должат на име на лиценци за бројните странци што ги носат и ред други работи.

И на крајот тука е Федерацијата која во овој момент е немоќна. Од министерството за спорт не добиле ниту денар кој останатите федерации веќе одамна го имаат на располагање, па нема од каде и како да го „гаси“ пожарот.

И нема да биде чудо доколку плеј-офот не продолжи и доколку судиите дадат амин, бидејќи има и такви клубови кои нема да излезат на терен доколку ме видат расчистени сметки на останатите тимови кои се на списокот на должници и милоста од страна на федерацијата ја користат за засилувања на тимот…

Кошарката и онака веќе одамна го загуби вистинското лице…секој по малце придонесе да изгледа повеќе на селски спорт и зад сите останати…

 

ПретходноДерби во СЦ „Билјанини Извори“: ГРК Охрид и Алкалоид во битката за третото место!
СледноЛШ 1/4 финале – реванши: Ќе има ли ново чудо на “Бернабеу“? Интер и Баерн посакуваат полуфинале со Барса!