Барселона обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што загуби од Борусија со 3-1 во реванш мечот. Ханси Флик вели дека заслужено се најдоа во следната рунда, и најважно е дека се таму.
„Ние сме во полуфиналето, заслужено одиме во следната рунда. Борусија има одличен тим и ни го отежнаа животот, но ние стигнавме до полуфиналето и тоа е она што е важно. Не одигравме најдобро, но тоа беше и благодарение на домаќините, кои беа многу добри. Сега отидовме чекор подалеку, но сепак сме далеку од крајот“, изјаави Флик.
Борусија со победа се прости од Лигата на шампионите и се сели во Бундеслигата каде сакаат значително да го подобрат моменталното осмо место во поредокот. Во полуфиналето Барселона го чека победникот од четвртфиналната пресметка меѓу Интер и Баерн.