Ја шокираше НБА со трејдот на Дончиќ: Воопшто не жалам за тоа!

542

Генералниот директор на Маверикс, Нико Харисон, уште еднаш објасни зошто го трејдувал Лука Дончиќ и повтори дека „одбраната освојува титули“, користејќи ја таа изрека како објаснување за неговата одлука да ја пушти една од најголемите ѕвезди на НБА во ЛА Лејкерс.

Харисон го повтори тој став во вторникот пред избраните новинари кои ги следат Далас Маверикс. Во едночасовниот разговор главна тема беше размената на играчи во која Дончиќ им се приклучи на Лејкерси, а Ентони Дејвис и уште неколку играчи на Маверикс.

„Воопшто не се каам. Дел од мојата работа е да ги носам најдобрите одлуки за Мавс, не само денес, туку и за иднината, а некои од одлуките што ќе ги донесам ќе бидат непопуларни. Тоа е моја работа. Морам да стојам зад тие одлуки“, рече Харисон, кој го испрати Дончиќ во Лејкерси само неколку месеци откако Словенецот ги предводеше Маверикс во НБА.

Тој потенцира дека главната филозофија на нивниот клуб е одбраната.

„Нашата филозофија е дека одбраната носи титули, ние сме изградени на тоа. Ќе повторам уште еднаш, одбраната носи титули“, рече Харисон на прашањето дали мисли дека Маверикс изградени околу Дончиќ немаше да успеат да стигнат до титулата во НБА.

„Веруваме во потегот што го направивме. Очигледно дека не верувате во тоа, и тоа е во ред. Имате право на свое мислење, но ние сме возбудени. Мислам дека кога ќе победиме, тоа ќе го промени вашето мислење“, додаде тој.

ПретходноСпектакл на Градски: Вечерва Вардар и Ц.Звезда пред полни трибини ќе играат за Кочани!
СледноВардар – Ц.Звезда после 30 години повторно во Скопје, последен пат играа во Анталија! (ВИДЕО)