Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги сподели своите очекувања за претстојниот реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид. „Топчиите“ победија со 3-0 по првиот натпревар, но сега ги чека тежок реванш на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, тренерот е уверен дека неговиот тим е подготвен за битка и ќе може да оди напред.
„Ако можеме да започнеме позитивно, тоа ќе го разочара противникот и ќе ни ја олесни задачата. Но, може да се случи и спротивното. Водењето со 3-0 по првиот натпревар е едно од сценаријата за кое сонував. Подготвени сме да се бориме и ќе бидам блиску до играчите. Сакаме да бидеме подобри на теренот и да се пласираме во полуфиналето. Подготвени сме да се бориме, тоа го докажавме против различни противници. Знаеме дека можеме да одиме напред“, изјави тренерот на Арсенал.
Артета вели дека не се плашат од противникот, но имаат почит, потенцирајќи дека неговите момци мора да веруваат во пласман во полуфиналето.
“Возбудата е голема. Историјата покажува дека никогаш претходно не сме го освоиле овој турнир и сега ќе се обидеме да го промениме тоа. Сакаме да направиме нешто поинаку и да доминираме овде. Не се плашиме од противникот, имаме само почит. Кога сакаш да пишуваш историја, треба да го правиш тоа на свој начин, мора да веруваш во она што сакаш да го постигнеш”, додаде Шпанецот.
За крај, тој сподели добра вест во врска со учеството на Бен Вајт и Томас Партеј, кои ќе можат да играат, за разлика од Жоргињо.
“Жоргињо не е со нас. Позитивната работа е што Бен Вајт можеше да тренира. Томас Парти исто така е во линија. Во последните денови се чувствува добро и ќе може да игра”, заклучи специјалистот.