DoubleTree by Hilton – Skopje официјален партнер на Фудбалската федерација на Македонија

96

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.

Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.

Ова партнерство претставува уште една потврда за вредноста и реномето на ФФМ, но и за желбата на светски брендови да бидат дел од фудбалското семејство на Македонија.

Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности. Веруваме дека оваа соработка ќе продолжи да расте и да придонесува за успехот на нашите селекции. Благодарност за довербата и поддршката”, изјави генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.

За нас е чест што сме препознаени како доверлив партнер на ФФМ. Ова партнерство е потврда за нашата посветеност на квалитет и поддршка на спортот во Македонија”. истакна генералниот директор на DoubleTree by Hilton – Skopje, Ѓоре Велковски.

DoubleTree by Hilton – Skopje веќе е репрезентативна база на најдобрата национална селекција, обезбедувајќи високи стандарди, врвни услови за престој и подготовка на нашите фудбалери.

Новото партнерство претставува чекор во продлабочувањето на соработката меѓу ФФМ и Double Tree by Hilton – Skopje.

ПретходноСУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА на играчите им исплати 64.182.837 денари
СледноСпектакл на Градски: Вечерва Вардар и Ц.Звезда пред полни трибини ќе играат за Кочани!