Вечерва во меч од 4.коло во плеј-офот во ракометната Суперлига, ракометарите на Алкалоид како гости славеа против Охрид со 28:36. Со оваа победа четата на стратегот Кирил Лазаров се зацврсти на третата позиција на табелата.
Сепак не беше така лесно за гостите кои важеа за фаворити на оваа средба. Охрид се обиде да му направи проблеми на гостинот од Скопје и во тоа успеа. Сепак во последната фаза од ова дерби, Алкалоид успеа да се одлепио резултатски и на крајот да победи без никакви проблеми.
Првиот дел, кој го добија гостите, мина во израмнета борба, ниту исклучувањето на Стојковиќ не ги поремети плановите на гостинот. На крајот беше 14:16 за Алкалоид.
Во вториот дел гостите одлично почнаа, веднаш направија разлика од четири голови, сепак Охрид се врати и израмни на 18:18, па и на 21:21.
Рековме веќе, во последните десет минути Алкалоид ја подигна играта на повисоко ниво и успеа на крајот убедливо да победи.
Ѓоргиев со 6 голови беше најефикасен кај победничкиот тим, Серафимов запиша пет, додека Орјоникадзе исто со 6 голови беше најефикасен кај домашните.