Владан Милојевиќ: Многу емоции, им благодарам на сите што дојдоа на преубавата Арена која го носи името на мојот омилен пејач!

522

Ц.Звезда во хуманитарниот меч вечерва во Скопје успеа да го победи Вардар со 1:3. Сепак сите знаат дека резултатот беше во втор план. По мечот свој коментар даде тренерот на гостите, Владан Милојевиќ:

Сите знаете кој беше поводот да се одигра овој меч. Би сакал да изразам сочувство на семејствата на починатите во оваа трагедија. Се надевам дека никогаш повеќе нема такво нешто да се случи. Ова беше по еден предлог на нашите великани Најдоски и Панчев да одиграме еден ваков меч против Вардар. По 30 години, Црвена ѕвезда дојде на овој преубав стадион кој го носи името на мојот омилен пејач Тоше“ посочи Милојевиќ и продолжи:

Многу емоции. Би се заблагодарил на сите кои дојдоа на стадионот, посебно на навивачите на Вардар кои постојано го бодреа својот тим. Мечот и резултатот беше во втор план, но ние сме Црвена ѕвезда и нашите играчи знаат дека секој нареден меч е најважен, па така и нашите играчи одиграа. Се надевам дека некој следен пат ќе дојдеме тука и ќе одиграме меч, но поводот да биде поубав“, рече тренер на Црвена ѕвезда. Милојевиќ.

ПретходноОва го можат само Вардар и Ц.Звезда: Спектакл пред 25.000 гледачи за КОЧАНИ!(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноФилип Гачевски: Голема благодарност до Ц.Звезда и публиката за овој настан, следниот нека биде за убави нешта!