По само три дена пауза денеска на програмата е четвртото коло во плеј-оф и плеј-аут лигата. Во центарот на вниманието е премсетката во СЦ „Билјанини Извори“ каде ГРК Охрид и Алкалоид (18 часот).
И двата тима зад себе имаат тешки пресметки, особено Алкалоид, кој одигра одличен меч против Пелистер, беше на чекор до реми против големиот фаворит. Избраниците на Кирил Лазаров имаат тежок распоред, бидејќи не е само дуелот со ГРК Охрид на кој треба да мислат, тука е полуфиналето во ЕХФ Европската лига во недела на домашен терен против норвешки Рунар.
Алкалоид е трет на табелата со четири бода, еден повеќе од ГРК Охрид, кој во моментов има и посилен состав, со оглед на тоа дека Лазаров не може да смета на Марко Митев. И домаќинот има повредени играчи.